Skip to main content

Грција упати протестна нота заради нејзиниот “погреб“ во Вевчани

Грција упати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи во која се наведува дека властите треба да го осудат “погребот на Грција“ на вевчанскиот карневал и палењето на грчкото знаме.

 |   | 
pogreb Grcija
погреб Грција во Вевчани

Грција упати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи во која се наведува дека властите треба да го осудат “погребот на Грција“ на вевчанскиот карневал и палењето на грчкото знаме.
alt
Грчкото министерство за надворешни работи во протестната нота наведува дека ова е “провокација“.

pogreb GrcijaШефот на канцеларијата за врски во Скопје, амбасадорката Александра Пападопулу побарала од македонското МНР да го осуди овој чин и да спречи во иднина вакви и слични настани, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Пападопулу изразила незадоволство оти “на карневалот кој се одржува со субвенции на државата и кој свечено го отвори министерката за култура на Македонија е претставен ’погреб на Грција’ на кој учесниците носеле костими со иредентистичкиа содржина, а потоа го запалиле и грчкото знаме“. Таа му замерува на македонското МНР дека не го осудило овој чин, туку напротив, министерката за култура го окаракетризирала карневалот како бисер на македонската традиција.

Министерството за надворешни работи ја разгледува протестната нота.




{loadposition content9}