Skip to main content

Од утре „Матица“ носи книга во секој дом и во Охрид и Струга

„Матица“ информира дека оваа година има најбогата понуда и просечна цена на книгите околу 170 денари.

 |   | 
kniga
книга
Од утре во клубот „Матица“ почнува саемот „Книга во секој дом“, што го организира во изминатите 12 години.
наслови Матица
Кампањата за поттикнување на читањето годинава има слоган „Милион книги за тебе“.  
„Матица“ информира дека оваа година има најбогата понуда и просечна цена на книгите околу 170 денари.

За јубилејните 20 години од постоењето на издавачката куќа ќе има и 50 нови наслови по саемски цени.

Во понудата е жанровски разновидна литература од домашната и светската продукција, а во партнерство со британската компанија „Вотерстоунс“ ќе има и над 30.000 книги од светски познати автори, на англиски јазик и со цена од 190 денари.

На едномесечниот саем на книгата во „Матица“ ќе бидат промовирани и дела од македонски автори.

„Книга во секој дом“ паралелно се одржува и во Охрид, Струга, Битола, Куманово, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Штип, Велес.

{loadposition content9}