Има живот на Венера
Рускиот научник Леонид Ксанфомалити тврди дека има докази за постоењето живот на Венера.
| | Сцена & Муабети
Земја и Венера
Леонид Ксанфомалити кој работи во институтот за истражување на вселената на руската Академија за наука, ги анализирал фотографиите снимени во текот на руското истражување и слетување во 1982 година на Венера.
Венера е по големина колку земјата, но има густа атмосфера во која доминира јаглерод диоксид. Со атмосферски притисок 92 пати поголем во однос на Земјата, без вода и со температура од скоро 894 степени, за оваа планета никогаш не е сметано дека е можно постоење на некаков облик на живот.
Но, Ксанфомалити во својот текст објавен во списанието “Истражувањето на соларниот систем”, вели дека руските фотографии ги прикажуваат објектите кои потсетуваат на диск, шкорпија и капа. Објаснил и како објектите се појавуваат, лебдат и исчезнуваат на различни фотографии фотографирани од различни точки.
‘Ако заборавиме на актуелната теорија за непостоењето живот на Венера можеме храбро да ги претпоставиме морфолошките одлики на овие предмети кои по малку имаат смисла за живот.’, рекол Ксанфомалити.
Научниците веруваат дека некое количевство на вода па дури и океан некогаш ја покривале Венера, и тоа најмалку две милијарди години. Вселенскиот брод ‘Венера Експрес’ кој го изработиле европските инженери, ја следел Венера од 2005 година. Научниците кои работеле на тој проект не донеле слични заклучоци, но не ја отфрлиле ни можноста за живот на Венера.
{loadposition content9}