Skip to main content

Ракометарите пристигнаа во Македонија

Направивме историски успех, успех на нашиот спорт. Тоа го направивме со заеднички сили на нашиот стручен штаб и со вашата огромна поддршка, изјави капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, по пристигнувањето на граничниот премин Табановце.

 |   | 
na tabanovce
na tabanovce

Повеќе илјади граѓани на плоштадот „Македонија“ ги дочекаа ракометарите кои од Србија се вратија како петта европска ракометна сила. Капитенот Кире Лазаров е убеден дека историскиот успех ќе се повтори на Летните Олимписки игри во Лондон, а селекторот Шундовски кажа дека Европа сега ја смета Македонија за европска велесила.

Македонската ракометна репрезентација беше пречекана уште на граничниот премин „Табановце“,претпладнево од паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ со десетина автобуси на ЈСП Скопје заминаа на граничниот премин за да ги пречекаат ракометните херои.

Индира Кастратовиќ, најдобриот женски ракометен стрелец во светот, му врачи на Лазаров Плакета во име на сите граѓани за постигнатиот успех и за титулата најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.

„Леле што направивме“, Лазаров ги повтори зборовите на кошаркарската легенда Влатко Илиевски што ги изговори кога македонската кошаркарска репрезентација минатата година го освои четвртото место на ЕП во Литванија.

„Уште многу години да ги повторуваме овие зборови. Не само во кошарката и ракометот, туку и во фудбалот и во одбојката. Спортот е амбасадор на нашата држава. Ние само преку спортот може толку добро да ја промовираме нашата држава. Сакам од мое лично име да им се заблагодарам на сите мои колеги. Ова не е само мој личен успех, ова е успех на цела Македонија, на моите другари лавови кои беспоштедно се бореа и ги даваа последните сили во борбата со најголемите европски репрезентации“ рече Лазаров видно возбуден од пречекот на плоштадот.

„Данци доаѓаме во Лондон. Данци ќе ви го вратиме долгот. Одиме напред, ни остануваат три месеци да останеме цврсто на земја, скромни како и до сега со добра подготовка, одиме кон нови победи. Само скромни и цврсто на земја нашиот сон ќе се оствари, а тоа е Лондон 2012“, рече капитенот на ракометната репрезентација.

Благодарност за поддршката и срдечниот пречек изрази и селекторот Шундовски, кој изјави:

„Горд сум на овие момци, кои жестоко се бореа изминативе денови во Србија и заслужено го освоија 5. место во Европа.“


{loadposition content9}