Skip to main content

Мерко вчера протестираше а денес повика на соживот и меѓуетничка толеранција

По вчерашните протести и инциденти, денеска во Струга – мирно. Градоначалникот Рамиз Мерко кој вчера попладне протестираше во првите редови поради „антиисламистичките пораки“ на Вевчанскиот карневал, денеска  повика на соживот и меѓуетничка толеранција.  

 |  Татјана Маленкова  | 
protesti
Protest Struga

ProtestПо вчерашните протести пред општина Струга, организирани од страна на Исламската верска заедница, денеска во Струга мирно. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој првично беше во првите редови од  неколкуте илјади граѓани од албанска националност кои протестираа во знак на револт за како што кажаа „антиисламистичките пораки и антиислмаските сцени“ прикажани на Вевчанскиот карневал 2012 год., каде се играло со верските чувства на припадниците од Исламската вероисповест., денеска повика на соживот и меѓуетничка толеранција. Тој побара извинување од вевчанци за исмејувањата на Куранот и нивната вера на овогодинешниот карневал.  
На овој повик Вевчанци возвратија – “Карневалот беше грубо злоупотребен и искористен како политичка алатка од страна на организаторите на протестите и градоначалникот на општина Струга”.
На овогодинешниот карневал, како и во минатото, беа претставени најразлични маски за кои што никогаш немало реакции и никогаш не биле со цел да навредат некого.
„Вчерашните протести се обид да се нарушат вековните пријателски односи што ги граделе вевчанци со жителите муслимани од струшкиот регион, стои во писмениот допис од градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески.
Стружани не сакаат инциденти, тие со векови се бореле за мирен соживот, научиле да делат арно и лошо, додава градоначлникот.

Vevcanski karnevalВо исто време општина Вевчани се обраќа со апел до струшкиот Градоначалник и организаторите на протестите да престанат да си играат со чувствата на граѓаните, а се со цел да добијат ситни политички поени.
Инаку Вевчанскиот карневал кој се одржажа на 13 јануари, дури сега ги налути припадниците од муслиманска вероисповед. Вчерашните протести во центарот на Струга на кои се  пееја верски песни и се извикуваше „Алах е еден, Господ е голем“ и на кој од јарболите пред општина Струга беше симнато државното знаме, а на негово место беа  закачени албанското знаме и верското знаме, синоќа резултираа со каменување на вевчански автобус  и тензична атмосфера во Струга.  
Инаку денеска Комисијата за односи меѓу заедниците, предводена од претседателот  Агим Даути ,одржа вонредна седница.
Како резултат од расправата, а со цел надминување на новонастанатите состојби Kомисијата за односи меѓу заедниците (КОМЗ) предлага:
– Градоначалникот на Општина Струга што е можно побрзо да се сретне со градоначалникот на Општина Вевчани за да ги разгледаат новонастанатите состојби, како и да излезат со заеднички став;
– Претставниците на Струшкото муфтиство со посредништво на градоначалникот на Општина Струга, да се сретнат со градоначалникот на Вевчани и организаторите на карневалот;
– Одржување на вонредна седница на советот на Oпштина Струга.
Комисијата ги осудува сите активности кои негативно се рефлектираат врз добрите меѓуетнички односи во општината и државата.

{loadposition content9}