Skip to main content

80.000 кучиња убиени во Украина во пресрет на ЕУРО 2012

Украина попушти пред притисокот од западните групи за заштита на животните и прогласи крај на убивањето кучиња-скитници со цел да се исчистат улиците пред претстојното европско првенство во фудбал.

 |   | 
apel
apel
apelУкраина попушти пред притисокот од западните групи за заштита на животните и прогласи крај на убивањето кучиња-скитници со цел да се исчистат улиците пред претстојното европско првенство во фудбал.

Украина престана да ги убива кучињата-скитници. Министерот за екологија изјави дека наместо да ги убиваат, ќе градат прифатилишта за незгрижените животни.

80.000 кучиња беа убиени на улиците во Украина минатата година, најчесто со труење или со вбризгување смртоносни инјекции, што ги разгневи локалните и меѓународните групи за заштита на животните. Има информации и за постоење на таканаречени „убиствени одреди“, кои биле плаќани „по куче“.

„Денес јавно им се обраќам на сите градоначалници – ајде шест месеци да престанеме да ги убиваме кутрите животни и да им изградиме прифатилишта“, изјави денес Микола Злочевски, министерот за животна средина на Украина.

Изјавата следува по состанокот на властите со Нејчрвоч, британска група што водеше кампања против суровоста кон животните во Украина. „Ова е фантастична победа за Украина, за нејзините граѓани и за животните“, изјави претставникот на Нејчрвоч, Џон Руен.
apel
Остана нејасно како ќе биде реализирана забраната. И дали мораториумот е само обид да се стишат критиките до одржувањето на првенството и е всушност привремена мерка.

На бруталноста на украинските власти укажа и хактивистичкиот колектив „Анонимус“, кој им испрати и јавна порака на УЕФА и на спонзорите на првенството.

„Ќе се бориме против вашето нарушување на човечките права и правата на животните. Нема да ви го простиме холокаустот над кучињата-скитници ниту цензурата што му ја наметнувате на народот“, се заканија од „Анонимус“.

{loadposition content9}