Skip to main content

ЕУ и ОБСЕ бараат од властите да се расчистат пследните инциденти во Струга

Претставници на Европската Унија, на ОБСЕ и други меѓународни чинители во Македонија, бараат властите да ги расчистат последните инциденти во Струга, а виновниците да се изнесат пред лицето на правдата.

 |   | 
Protest
Protest Struga
ProtestПретставници на Европската Унија, на ОБСЕ и други меѓународни чинители во Македонија, бараат властите да ги расчистат последните инциденти во Струга, а виновниците да се изнесат пред лицето на правдата.

Од Канцеларијата на Европската Унија во Скопје во изјава за Радио Слободна Европа побараа властите да ги расчистат последните инциденти во Струга и да ги изнесат виновниците пред лицето на правдата. Оттаму, изјавиле дека добрите меѓуетнички односи се апсолутно неопходни во секоја држава, вклучувајќи јаи земјава, во духот на Охридскиот рамковен договор.

Како што објави Радио Слободна Европа, екипи на ОБСЕ внимателно ги следат последните случувања во Струга. Набљудувачите биле на терен и апелираат за смирување на ситуацијата.

И британскиот амбасадор во земјава, Кристофер Ивон, реагираше по последните случувања во струшко. Тој во писмена изјава за Радио Слободна Европа изрази надеж дека повиците од политичките лидери за смирување на состојбата ќе се почитуваат од сите страни.


{loadposition content9}