Skip to main content

Изберете вежби според типот на вашата конституција

Главната причина поради која треба да знаете во кој телесен тип припаѓате е да имате подобар увид во своето тело а со тоа да знаете што би требало да одземете или додадете за изградба на чиста мускулна маса која сите ја посакуваат.

 |   | 
women
women
Главната причина поради која треба да знаете во кој телесен тип припаѓате е да имате подобар увид во своето тело а со тоа да знаете што би требало да одземете или додадете за изградба на чиста мускулна маса која сите ја посакуваат.
tipovi
Ендоморф
Ендоморф е спротивен на ектоморф и треба да се сконцентрира на топење на масни наслаги со што би го убрзале метаболизмот а со тоа би ја одржувале телесната тежина на нормала. За време на тренингот би требало да вежба со умерени тежини но со мали паузи меѓу сериите. Треба да го смали внесот на калории така што би земал мали порции на храна распоредени во повеќе оброци во текот на денот со што ќе ја елиминира секоја (нездрава и брза храна) од своето дневно мени. Треба да практикува аеробни вежби како што се трчање, брзо одење, велосипедизам, пливање итн.

Мезоморф
Мезоморфот е благословен тип на тело. Особите од овој тип имаат природно атлетска градба и потребно е само да го одржаваат она што го имаат. Тренинзите во теретана за овој тип се препорачуваат од 3 – 4 дена во неделата со умерени тежини и со нормални паузи меѓу сериите.  Воглавно јадат здрава храна.
tipovi
Ектоморф
Последната работа за која треба да се загрижи овој тип е телесната тежина. Типично за кај нив е да јадат само кога се гладени а тоа е првата работа која мора да ја сменат оние кои сакаат да добијат на тежина. Исхрана со високо-калорична храна со оброци кои ќе се земаат во точно одредено време во обилна количина е препорачана за овој тип. Вежбите во теретана за почеток би требало да бидат кратки. Препорачливо е да работи со поголеми тежини но и да одмара помеѓу сериите. На крај иако особите од овој телесен тип се доста физички активни за нив не се препорачуваат аеробни вежби, туку потребно е нив да ги сведете на минимум за да можете полесно да ја зголемите мускулната маса.

Без разлика на кој телесен тип припаѓате ако ја прилагодите исхраната и тренингот можете да ја остварите секој цел која сте ја зацртале.

{loadposition content9}