Skip to main content

Не патувајте без потреба – лавини и затворени патни правци

Снежните врнежи наместа проследени со силен ветер затворија неколку патни правци во Македонија, а има појава и на поситни снежни лавини, соопшти претпладнево АМСМ:

 |   | 
zima
zima
zimska opremaСнежните врнежи наместа проследени со силен ветер затворија неколку патни правци во Македонија, а има појава и на поситни снежни лавини, соопшти претпладнево АМСМ:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива исклучително отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Струга – г. п. Ќафасан.

Поради поинтензивни врнежи од снег и силен ветар, има појава на поситни лавини на превоите Ѓавато, Стража и Маврово преку кои не се препорачува патување без некоја поголема потреба.

На превојот Маврово во моментов можност за сообраќај има само за патнички возила. На патниот правец Битола – Нижеполе – Молика (Р506) задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.

Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга поради можна појава на одрони.

На возачите им препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодена и намалена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања.

{loadposition content9}