Skip to main content

Струјата ќе поскапи за повеќе од 13 проценти

Регулаторната комисија ја скрои цената на струјата. Од ноември предлага сметките да се зголемат за повеќе од 13 проценти. Пресметките регулаторите денеска ги ковертираа до трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН.

ESM
ESM
Регулаторната комисија ја скрои цената на струјата. Од ноември предлага сметките да се зголемат за повеќе од 13 проценти. Пресметките регулаторите денеска ги ковертираа до трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН.

Од таму не соопштуваат колкав процент на зголемување од секоја компанија бил одобрен. Неофицијално велат – ниту една од нив не доби колку што бараше.
Според информации на Канал 5, ЕЛЕМ ќе добие зголемување на производната цена на струјата за 37,4 проценти од бараните 38 отсто. МЕПСО бараше услугата пренос и диспечирање да поскапи за 100 отсто, а регулаторите неофицијално одобриле зголемување од 113 проценти. ЕВН побара 9 % а регулаторите им одобриле зголемување од 0,4 отсто.

MEPSOВеднаш стасаа реакции за предлогот на Регулаторна. За ЕВН ова скандалозно. Велат пресметките одат во прилог само на државните ЕЛЕМ и МЕПСО, а во дискриминаторска позиција се става ЕВН.
ЕЛЕМ е награден за лошото работење иако досега компанијата не инвестирала во системот, тврдат во ЕВН. Според австриските газди одлуката на регулаторите не ги покрива трошоците на дистрибутивната компанија. Убедени се дека со оваа одлука на регулаторите се прави обид да се истисне ЕВН од пазарот. ЕЛЕМ и МЕПСО одлучија денеска да не го коментираат предлогот на регулаторите

Конечната одлука за колку ќе поскапи струјата регулаторите ќе ја донесат до крајот на идната недела.