Skip to main content

Македонците во Австралија конечно станаа Македонци

Австралиската влада ќе го повлече терминот “славо-македонски“ од официјалната употреба и ќе го користи “македонски“, информира австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) повикувајќи се на изјава од вршителот на должност, шеф на кабинет на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија.

 |   | 
Sydney

„Јас можам да потврдам дека „славо-македонското“ административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни работи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичаената пратика, што се однесува до неважечки административни циркуларни писма, тоа е поништено и документот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека „славо-македонската директива“ не се применува во други владини служби, влучувајќи ги и Министреството за имиграција и државјанство и австралискиот завод за статистика“ – се наведува во писмото кое австралиското МНР го испратило до АМКЧП на 9 јануари.

За АМКЧП, ваквиот потег е резултат на долготрајна кампања на лобирање и убедување, австралиската влада да ја повлече „својата дискриминаторска и расистичка славо-македонска директива“.

Во Австралија живеат повеќе од 80.000 Македонци или граѓани кои имаат македонско потекло.

{loadposition content9}