Skip to main content

Прогласена кризна елктроенергетска состојба

Владата доцна синоќа донела одлука за прогласување кризна електроенергетска состојба која опфаќа превентивни мерки кои требаат да ја зачуваат стабилноста на системот.

 |   | 
dalnovod
dalnovod

Владата доцна синоќа донела одлука за прогласување кризна електроенергетска состојба која опфаќа превентивни мерки кои требаат да ја зачуваат стабилноста на системот.

Со ваквиот потег, кој денеска официјално ќе биде соопштен, ќе им се препорача на сите јавни и приватни субјекти, како и на општините исклучување на сите светлосни реклами и редуцирање на осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите и спомениците. Засега не е предвидена рестрикција за домаќинствата до кои се апелира рационално да ја користат струјата.

Дел од владините мерките се и подготовки на тец неготино за почеток на производство на електрична енергија, ако за тоа има потреба во наредниот период, за кој метеоролозите прогнозираат дека ќе биде исклучително студен.

{loadposition content9}