Искра надеж за ракометот во Охрид
По заживувањето на ракометниот клуб Охрид 2011, нова искра надеж за овој спорт во нашиот град. Токму на нивна иницијатива, од Декември минатата година започна да функционира и младинската школа за ракомет. Осумдесетината досега зачленети деца, едноставно воодушевени од ракометот. Охридскиот ракомет има иднина.
| Мишел Наумоски | Спорт
ракомет
Охридскиот ракомет има иднина. По возобновувањето на ракометниот клуб Охрид, светнува нова искра надеж со отворањето на младинската школа за ракомет. Основана на иницијатива на ракометниот клуб Охрид 2011, оваа школа започна да функционира во месец декември 2011 година. Од тогаш па наваму, повеќе од осумдесетина деца тргнаа на магичното патување низ тајните на ракометот, а според нивните кажувања, станува збор за прекрасен спорт.
„Во школава се запишав уште пред неколку месеци, ама имавме мала пауза поради зимскиот распуст, но сега продолжуваме. Ракометот ми беше интересен како спорт, па решив да се запишам во оваа школа. Сега засега го учиме основното, кондиционо се подготвуваме, учиме додавање со топка и слично.“
„Ракометот многу ме заинтересира посебно по Европското првенство и решив да се запишам. Овде се запишаа скоро сите деца од моето одделение. Сега ги учиме основите, а понатака и повеќе. Инаку омилен ракометар ми е Наумче Мојсоски.“
„Сакав да спортувам, да се раздвижам па избрав ракомет. Омилен ракометар ми е Кире Лазаров.“-велат дел од младите ракометари.
Интересот за изучување на ракометот стана особено поголем по успешниот настап на нашите ракометари на Европското првенство што се одржа во Србија. Од младинската школа задоволни од одзивот, но и спремни за новите предизвици.
„Почнувањето со една ваква ракометна школа е долготраен процес. Значи ние не може да очекуваме дека преку ноќ од овие деца ќе имаме играчи кои што ќе играат во првата екипа. Значи ќе треба да поминат години за тие да ги научат тајните на ракометот, да се профилираат како играчи, а се разбира со континуитет на работењето и континуитет на првата екипа за сите оние кои што се талентирани, кои што имаат волја и желба да работат и се трудат напорно, апсолутно екипата е отворена за сите нив, а се надевам дека ќе имаме и репрезентативци. Ако една Струга која што е помал град од нас, меѓутоа има континуирана работа во ракометот и традиција па речиси половина од репрезентацијата се Стружани, зошто да нема и од Охрид.“-рече Ѓоко Апостолоски-Тренер во Младинската школа Охрид 2011.
Сепак како и секој спорт во земјава, и за оваа школа основен проблем се финансиите. Тие апелираа сите заинтересирани да вложат во овие деца бидејќи големи се шансите од нив да излезат нови македонски репрезентативци. Тренинзите на младинската школа се одржуваат три пати во неделата по час и половина и тоа во понеделник во 21 часот, петок во 20 и 30 во ОУ Христо Узунов, и сабота во 15 часот во спортскиот центар „Билјанини извори“. Сите заинтересирани можат да се зачленат во школата во овие три термини.

{loadposition content9}