Што прават маж и жена на кауч?
Мажите и жените имаат само еден заеднички интерес и тој не е секс, туку гледањето на телевизија, покажува најновото истражување на експерти од „Marketing Research Centre“.
Се чини дека гледањето на телевизија е сигурен начин за приближување на двајцата партнери. Деталното истражување на навиките на илјадници мажи и жени, покажува дека единствениот заеднички интерес на двата пола е телевизијата, која ги намалува стресот и напнатоста.
Резултатите покажуваат уште дека мажите почесто се загрижени за проблеми во работата, додека понежниот пол е загрижен повеќе за лични прашања – тешкотиите во односите во семејството, недостатокот на време и финансиски проблеми.
Во истражувањето што го направиле единствено телевизијата ги зближувало партнерите, додека другите работи предизвикуваат драматични разлики. Мажите уживаат во видео игри, спорт и пиење со пријателите, додека жените преферираат спиење и зборување со пријателките.
{loadposition content9}