Бабата или трапот…некој лаже
Еве го неговиот коментар во целост.
„Или ТВМ телевизија не сака да ги разбере работите или пак ги разбира ама очигледно има намера да копира една телевизија која од недоамна ја нема на ниту еден канал иако беше национална и една од најгледаните.
НО ајде уште еднаш да им објаснам – ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ОД СТРУГА е единствено надлежно само за чистење на снегот од чаршијата и кејовите за кој што и сами констатирате дека се единствено чисти.
Сепак мислам дека иако новинарката добро ги знае приликите и тера инает, иако неколку пати и се опрости од наша страна за клеветите, невистините и лагите во неколку наврати, овој пат ке мора тоа да им го објасни на официјалните органи. Не може да се линчува некој по *систем волкот и јагнето на изворот***…… а за тоа да не се сноси одговорност.
ПЕТКО КУТАНОСКИ “
Само да појасниме за целокупната јавност, а и за господинот Кутаноски кој очигледно Законот за јавна чистота го чита меѓу редови, дека во надлежност на ЈП не е само да ја чисти чаршијата и кејовите туку и сообраќајниците и тротоарите. Јавно го прашуваме Кутаноски, каде завршуваат парите кои стружани од својот буџет ги издвојуваат за оваа намена која е законска обврска и нејзината висина не е воопшто за занемарување. За улиците и тротоарите кажаа самите граѓани дека се лизгави и опасни. Но и она, за што потврдува Кутаноски дека е негова надлежност, двата кеја на реката Дрим, не се исчистени од снегот. Ова денеска го регистрираше нашата камера. Уште еднаш повторуваме дека телевизија ТВМ нема намера претенциозно да пласира информации туку дека секогаш се потпира на факти и релевантни информации.
Доколку Кутаноски почуствува потреба да се оправда пред граѓаните има начин како тоа да го направи. Доволно беше да испрати демант ако смета дека е искажана невистина во било која форма, а не да ја користи социјалната мрежа Фејсбук.
{loadposition content9}