Skip to main content

Турција поседува Библија во која Исус го најавил доаѓањето на пророкот Мухамед

Папата Бенедикт 16 побарал дозвола да ја погледне книгата која била сокриена последниве 12 години.

 |   | 
Knigata vo Turcija
Книгата во Турција

Knigata vo TurcijaТурција тврди дека поседува Библија стара 1 500 години во која пишува дека Исус Христос го најавил доаѓањето на Мухамед.

Папата Бенедикт 16 побарал дозвола да ја погледне книгата која била сокриена последниве 12 години.

Книгата, чија вредност е проценета на 28 милиони долари, наводно содржи претскажување од Исус за доаѓањето на пророкот Мухамед, што е за Католичката црква неприфатливо, тврди турскиот министер за туризам Ертугрул Ѓунај.

Министерот Ѓунај потврдил дека Ватикан ја побарал книгата на увид. Турските власти ја откриле оваа книга во 2000-тата год. во операција против криумчари на реликвии. Библијата долго време беше запленета и чувана во Анкара а наскоро би требало да биде изложена во Етнографскиот музеј.

Knigata vo Turcija