Како да се ужива во кафе без цигара?
Да се запали цигара со првото утринско кафе е уживање за многу пушачи. Ако се обидувате да се одвикнете од пушењето ќе имате силна потреба да запалите цигара додека го пиете кафето.
Да се запали цигара со првото утринско кафе е уживање за многу пушачи. Ако се обидувате да се одвикнете од пушењето ќе имате силна потреба да запалите цигара додека го пиете кафето. Истражувањата докажале дека пушењето ги прави луѓето привремено среќни, а пушачите тие позитивни чувства потсвесно ги поврзуваат со испивање на кафето. При престанок на пушењето, многу е веројатно дека лицето ќе почувствува губење на таа среќа, а испивањето на кафе без “омилениот порок” ќе ја направи личноста уште понесреќна.

Што да се прави?
1. Кажете им на пријателите кога сте во друштво на пушачи да не ве нудат со цигари.
2. На кафе одете само со непушачи кои овој процес на одвикнување ќе го направат многу полесен и поподнослив.
3. Помеѓу две голтки кафе длабоко вдишете ја неговата арома. Дишете полека и длабоко додека броите до пет и полека издишете.
4. Ако недостатокот на никотин ве прави нервозни, префрлете се на кафе без кофеин.
5. Грицкајте здрава храна за да ги активирате рацете.
6. Со себе секогаш имајте лист хартија на кој ќе чкрткате додека го пиете кафето.
7. Ако чувствувате голема потреба да запалите цигара, кафето испијте го во една или две голтки и ангажирајте се со нешто што ќе ви ги оттргне мислите од цигарата.