Го пронајдоа гробот на Исус Христос?
Џејмс Тејбор и Симча Јакобовичи пробушија дупка на криптата и можеби ја открија најголемата светска тајна.
Џејмс Тејбор и Симча Јакобовичи пробушија дупка на криптата и можеби ја открија најголемата светска тајна.
Истражувајќи ги христијанските гробници од првиот век на новата ера, под еден станбен блок во Ерусалим, археолозите Џејмс Тејбор и Симча Јакобовичи откриле саркофаг со древен натпис на антички грчки јазик, за кој веруваат дека би можело да претставува доказ за последнато почивалиште на Исус Христос.
Со користење на камери со далечинско управување и роботи кои земаат примероци, археолозите на локалитетот пронашле гробница која потекнува од првиот век пред од новата ера.
На една од костурниците претставена е иконографија која потсетува на библиската приказна за Јона и китот која асоцира на воскресението на Исус(како што Јона воскреснал од китот). На друга костурница е пронајден натпис во резба кој според истражувачите гласи „ Јехова (Господе) воскресни, воскресни“.
Натписите се фотографирани со користење на „роботска рака“ на далечинско управување.
Овие костурници се во близина на друга гробница за која се верува дека може да биде почивалиштето на Јозеф од Ариматреа, следбеник на Исус кој бил одговорен за поставување на телото на Исус во гробот. Постојат верувања дека таа гробница е всушност гробница на семејството на Исус, бидејќи на камените плочи на костурницата пишувало Исус, Мери, Јозеф и Марија. Но оваа теорија е остро отфрлена од голем број универзитетски професори кои специјализирале во проучувањата на Библијата.
Некои критичари дури ги обвинуваат Тејбор и Јакобовичи дека со своите бомбастични толкувања на откритијата само сакаат да ја продадат својата книга “The Jesus Discovery: The New Archaeological Find That Reveals the Birth of Christianity” и да го промовираат документарецот кој го подготвуваат со „Discovery Channel“ најавен за оваа пролет.
{loadposition content9}