Skip to main content

Во кои земји е најубаво да си жена?

Поради денот на жените, медиумите се преплавени со бројни анализи за жените низ светот.

 |   | 
zena
жена

Поради денот на жените, медиумите се преплавени со бројни анализи за жените низ светот. Еве шанса да дознаете во кои земји жените имаат најголема полова еднаквост.

zena

Светскиот форум, проучувајќи ги условите на 135 земји во светот, заклучил дека жените постигнале најмногу полова еднаквост во Исланд.

Потпирајќи се најмногу на степенот за можноста за учевствување во политичките одлуки во земјата и пристапот во образованието и здравствената заштита, како и просечниот животен век, истражувачите заклучиле дека скандинавските земји се рај за жените.

Имено, по водечкиот Исланд, на второ место е Норвешка, па потоа следат Финска и Шведска.

На петто место се наоѓа Ирска, а позади неа се наоѓа Нов Зеланд, па потоа Данска, Филипините, Лесото и Швајцарија.

{loadposition content9}