Охриѓани, платете данок!
За една недела истекува крајниот рок за поднесување на даночните пријави, а казните се големи.
Се можеш да заборавиш, ама данок не! Македонскиот синдром, се да се прави во последен момент, важи и за оваа законска обврска на граѓаните. Секој граѓанин кој остварил приходи во земјата или странство, во текот на 2011 година, должен е истите да ги пријави во Управата за Јавни приходи, со поднесување на годишна даночна пријава, освен граѓаните кои оствариле приходи од плата, пензија, самостојна дејност или земјоделска дејност. На охриѓани, изгледа и на само една недела до истекот на крајниот рок, не им се брза.
„Крајниот рок е 15-ти март. Побарав малку помош од персоналот во Управата за јавни приходи и ми излегоа во пресрет, фини се луѓето помагаат“ велат охриѓани.
Досега на ниво на држава, во даночните одделенија при Управата за јавни приходи, се подесени околу 50.000 даночни пријави, а треба околу 150.000 пријави, зборуваат податоците од Управата. Ништо порозева не е состојбата и во Охрид, односно поднесени се околу 1600 даночни пријави, а до крајниот рок треба да се поднесат околу 5000. Од УЈП накратко одговорија и на најчесто поставуваните прашања на граѓаните. Како на пример:
Дали треба да поднесат пријава извршителите на пописот? И извршувачите на пописот, треба да поднесат годишни даночни пријави, додека оние кои биле извршители на избрите не треба, бидејќи тоа е регулирано со Изборниот законик. Надоместокот за технолошки вишок, не треба да се пријавува со даночна пријава објаснуваат од УЈП.
Поднесувањето на пријавата значи може да се направи на шалтерите на даночнито одделение на УЈП, или по електорнски пат, а е задолжителна за лицата кои оствариле приходи од закупнини, издавање на станови, деловни простории, опрема, доколку склучиле договори за авторски права од индустриска сопственсот, договори за повремено и привремено вршење на услуги, добивки на среќа, спортски обложувалници. Исто така треба да се пријават и добивките од капитална добивка, хартии на вредност и продажба на недвижни имоти и друго. Можеби казните од 500-1000 евра во денараска противредност, ќе ги мотивираат граѓаните да побрзаат.
{loadposition content9}