Комисии, дебати, заклучоци или работа на терен?
Колку невладините организации, навистина придонесуваат за подобрување на односите меѓу заедниците?
Нетрпеливост, тензии и инциденти помеѓу припадниците етничките заедници се дел од секојдневието. Било да се на национална, верска или политичка основа, овие појави ги зафаќаат сите старосни структури на населението и се реален проблем на нашето општество. Една од алатките за справување со овие појави е и Комисијата за односи меѓу заедниците, која иако има советодавна улога, сепак не постои само про-форма. Делува на терен активно. Ова тело е формирано од страна на Советот на Општина Струга, со претставници од сите етнички заедници и може и тоа колку да придонесе во намалувањето на меѓуетничките тензии, вели Милески Ѓоко – проект координатор невладината „Еврофорум“ од Струга.
„Јака комисија за односи со заедниците со капацитет за дејствување, сигурно дека би придонесла за смирување на сите тензии. Како во случајот со последните настани во Струга комисијата одржа итна седница и даде некои препораки. Повика за итно смирување на страстите и сите членови делуваа во своите заедници, за да се смират страстите во Општина Струга, вели Ѓоко Милески од НВО, „Еврофорум“.
Интересно е што во ова тело нема претставници од раководителите на основните и средните училишта, бидејќи праксата покажува дека со учениците најмногу се манипулира, а тензиите меѓу нив, најбрзо и најлесно ескалираат до инциденти. Агим Даути – Претседателот на Комисијата за односи меѓу заедниците вели дека иако во ова тело нема претставници од училиштата, тоа дирекно комуницира со раководителите на овие институции.
„Во комисијата нема претставници од основните и средните училишта, има по еден член од сите етнички заедници и тие после ја разгледуваат ситуацијата каква е. Гледаме дека и во другите општини има некои немили настани, затоа работаат невладините организации, кои работаат и со учениците и со професорите“, вели претседателот Даути.
Дека навистина оваа комисија може да придонесе за намалувањето на меѓуетничките тензии доказ е и примерот пред еден месец имавме со Вевчанскиот карневал и случувањата кои следеа кога Комисијата за односи меѓу заедниците со посредништво на Секретаријатот за превентива, помогна во смирување на ситуацијата, потенцира Даути. Веќе неколку месеци оваа комисија е дел од проектот со кој треба да се зајакнат нејзинте капацитети и да се зголеми видливоста на нејзинте членови.
{loadposition content9}