Skip to main content

На секои 20 минути станете и прошетајте

Колку и да сте зафатени, експертите советуваат секои 20 минути да ја оставите работата, да станете од бирото и да направите некој круг низ канцеларијата.

 |   | 
office
канцеларија

Колку и да сте зафатени, експертите советуваат секои 20 минути да ја оставите работата, да станете од бирото и да направите некој круг низ канцеларијата.

Австралиските истражувачи открија дека редовното движење го намалува нивото на глукозата и инсулинот во крвта после јадењето.

kancelariska rabota

„Кога седиме нашите мускули се во состојба на мирување и не се згрчуваат. Со самото тоа не му помагаат на нашето тело да ги регулира метаболичките процеси после оброкот“, вели носителот на проектот Дејвид Данстен.

После секој оброк, нивото на глукоза во крвта пораснува, со што се подига и нивото на инсулинот кој им помага на ќелиите да го складираат крвниот шеќер или да го искористат за енергија.

Во истражувањето учествуваа 19 луѓе со прекумерна тежина кои не се занимавале со физичка активност.

Тие мораа да седат седум часа, а за тоа време им беше мерено нивото на шеќер и инсулин во крвта.

После првите два часа пиеја висококалоричен пијалок и продолжуваа да седат наредните пет часа.

Вториот ден испитаниците мораа да стануваат на секои 20 минути и да шетаат по две минути. Во деновите кога тие константно седеа им беше измерено повисоко ниво на глукоза и инсулин во крвта отколку во деновите кога стануваа и шетаа.

„Шокантно е откритието дека активните паузи не можат толку позитивно да ни влијаат колку што може да ни нанесе лошо седењето“, рече Бери Браун, професор од Универзитетот Масачусетс.

{loadposition content9}