Досадата ќе ве убие?
Научниците спровеле истражување кое ја потврдило тезата дека здодевноста навистина убива.
Научниците спровеле истражување кое ја потврдило тезата дека здодевноста навистина убива.Имено, испитаниците кои тврделе дека во животот им било здодевно, имале дури 40% повеќе шанси да починат побрзо од оние чијшто живот бил исполнет.
Научниците веруваат дека причина за тоа е фактот што незадоволството од животот се манифестира преку нездрави навики, како што се пушењето и алкохолот, кои знчително го скусуваат животниот век.
Резултатите уште покажале дека на жените им е здодевно повеќе од мажите, а склони кон здодевност се и младите луѓе кои извршуваат сервилни работи. Психологот Грахам Принц на ова тврдење додал дека е потребно да се разликува причината од ефектот. Дали тие луѓе се свртуваат кон пороци, бидејќи им е здодевно, или затоа што имаат одредени карактеристики?
{loadposition content9}