„Нискоградба“ остана со кратки ракави
Водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“.
Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“.
„Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП Проаква и да се дадат на другите ЈП затоа што на тој начин директно се оштети Проаква, а и граѓаните. Управниот одбор немаше донесено ваква одлука, ниту пак Советот на општина Струга. Таква одлука донесе само Советот на Општина Охрид“, вели Ваит Ајро Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“
Владо Цветкоски, Директорот на ЈП „Нискоградба“ вели дека не се работи за нечија слободна воља туку дека одлуката „Нискоградба“ да одржува дел од водоснабдителниот систем е донесена уште пред година и половина и е потврдена од тогашниот Управен одбор на МЈП „Проаква“.
„Ајро треба добро да си ја прочита одлуката на Управниот одбор и тогаш ќе види дека неговите забелешки се неосновани“, вели Цветкоски
Цветкоски објасува зошто стружани протежираат стопанисувањото со водоводниот систем да биде под капата на МЈП „Проаква“. Бидејќи седиштето на МЈП Проаква е во Струга по основ на ДДВ, три проценти од вкупните средства кои ќе се остварат од одржуваење на водоводниот систем легнуваат на контото на оваа Општина. Со тоа се празни буџетот на општина Охрид , а се полни касата на Општина Струга.
Водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“, а со тоа ќе се намалат приходите во ова ЈП, а од друга страна пак тоа финансиски ќе се растерети бидејќи 44 вработени од „Нискоградба“ преминуваат во „Проаква“.
Цветкоски смета дека нема ниту една причина зошто советниците не би гласале позитивно за точката за отстапување на правото на одржување на дел од водоснабдителниот систем на подрачјето на Општина Охрид од ЈП „Нискоградба Охрид“ на МЈП „Проаква“ Струга. После тоа ќе бидат уредени и меѓусебните односи помеѓу „Проаква“ и „Нискоградба“ по однос на стекнати права и обврски.
{loadposition content9}