Градоначалникот им забранил да умираат
Сепак двајца мештани планираат да не го почитуваат декретот и да си умрат на раат.
Во италијанското село Фалкано дел Масико, 50 километри од Неапол, од почетокот на овој месец умирањето е прогласено за нелегално.
Градоначалникот на селото од околу 3.700 луѓе издаде декрет со кое се забранува умирање во ова место, затоа што селото нема гробишта, а во конфликт е со соседниот град кој има гробишта. Судирот направи логистички проблем околу тоа што да се прави со починатите.
Градоначалникот Џулио Чезаре Фава изјави дека селаните се задоволни со неговиот декрет. Со исклучок на двајца мештани кои планираат да не го почитуваат декретот и да си умрат на раат.
– Декретот предизвика задоволство во селото, но две постари лица одлучија да не ме почитуваат, рече градоначалникот.
{loadposition content9}