Бижутеријата е отровна
Жените честопати ја ставаат убавината пред здравјето, а притоа не размислуваат за потенцијалните опасности за нивното здравје, но и за безбедноста на нивните деца.
Жените честопати ја ставаат убавината пред здравјето, а притоа не размислуваат за потенцијалните опасности за нивното здравје, но и за безбедноста на нивните деца.
Алките, обетките, ѓерданите, прстените и друга бижутерија купени во продавници на „Walmart“, „Kohl’s“, „Forever 21“, „H & M“, „Hot Topic“ и „Target“, содржат една или повеќе хемикалии, што според надлежните органи се сметаат за опасни по човековото здравје, покажуваат резултатите на „Ecology Center“ и Healthystuff.org.
Европската Унија планира да ја забрани продажбата на евтината бижутерија што содржи кадмиум, високотоксичен метал кој може да предизвика онколошки заболувања.
Повеќе од 60 отсто од тестираните парчиња накит се покажале како токсични, при што некои содржеле над 10 отсто кадмиум (познат канцероген токсин), олово, арсеник и жива.
Во извештајот се наведува дека децата не смеат да бидат изложени на споменатите хемикалии, затоа што доколку ги шмукаат или голтнат делови од накитот можат да бидат подложени на сериозни здравствени проблеми.
Ризикот од малигни заболувања се зголемува и при контакт на таквиот накит со кожата и тоа не само кај децата, туку и кај возрасните. Кадмиумот е отровен, а при долготраен контакт со кожата навлегува во организмот, оштетувајќи ги црниот дроб, бубрезите, а разорно дејствува и врз коските. Инаку, кадмиумот често се користи во некои азиски земји како евтина замена за злато или за сребро.
{loadposition content9}