Велигденски турнир мал фудбал 2012
Наскоро стартува четвртото издание на „Велигденскиот турнир во мал фудбал“.
„Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл.
„Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не само од Охрид, очекуваме пријава и од околните градови, Прилеп, Битола, Ресен, па дури имаме најава и за екипа од Скопје“, објаснува Шајн.
Публиката покрај тоа што ќе може да ужива во квалитетните фудбалски натпревари, ќе биде учесник и во наградна игра. Исто така најавено е присуството на истакнати личности од шоу бизнисот и јавниот живот од градов кои ќе придонесат за квалитетот на програмата. Организаторите најавуваат и засилени безбедносни мерки, се во интерес на беспрекорен тек на турнирот.
„Ќе ја обавестиме и СВР-Охрид да бидат во засилен број и агенцијата која ја имаме ангажирана, а и ние како организатори ќе се ангажираме да биде се во најдобар ред“, дециден е Шајн.
Во интерес на ферплејот, секој натпревар ќе го следи посебно жири чиј состав ќе се менува за секој натпревар, а задача на жирито ќе биде прогласување најдобар играч и за победничката и за губитничката екипа.Пријавувањето за турнирот започнува од денес, додека жребувањето ќе се спроведе на 24-ти овој месец. И оваа година турнирот ќе се состои од 6 групи од по 4 екипи, а максималниот број на екипи е ограначиен на 24 учесници. Наградниот фонд за ова издание на трунирот е највисок досега и изнесува 150.000 ден. За победникот на турнирот наградата изнесува (80 0000 денари),додека второпласираниот ќе добие (40 000 денари). Освојувачот на третата позиција ќе добие (20 000 денари), а новина е наградата за четвртопласираниот која изнесува (10 000). Покрај паричините награди за најдобрите четири екипи како и за најдобриот играч, стрелец, голман и фер плеј екипа ќе доделиме пехари, медаљи, спортска опрема и дипломи, објасни директорот Шајн. Арбитри на натпреварите ќе бидат најдобрите охридски и македонски републички судии, со што ќе се овозможат одлични фудбалски предуслови за фер плеј игра.
{loadposition content9}