Skip to main content

„Проаква“ си ја сака и канализацијата

Одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа  во „Проаква“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
proakva logo
проаква лого

Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот систем

cevkiРаководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит Ајро потенцира дека состојбата во која моментално се наоѓа Проаква е резултат на некои избрзани решенија кои се донесоа пред година и половина при формирањето на ЈП „Нискоградба“. Тој вели дека охриѓани плаќаат двапати за иста услуга, еднаш на „Проаква“, еднаш на „Нискоградба“. Ајро вели дека граѓаните сега плаќаат посебно канализација,посебно колектор. Тој смета дека освен „Проаква“ друго претпријатие не смее да управува со системот кој сеуште е под „Проаква“.

Градоначалникот Петрески пак, кој беше иницијатор за формирање на ЈП „Нискоградба“ вели дека работите не се такви како што се прикажуваат. Тој потенцира дека нема реална причина зошто канализациониот систем повторно би се ставил под надлежност на „Проаква“. Петрески појаснува дека има проблем затоа што „Проаква“ е меѓуопштинско јавно претпријатие и со Стуга сеуште не се усогласени и поделени. Петрески вели дека кога одржувањето на канализациониот систем било преземено од ЈП „Нискоградба“ биле преземени и вработените во тој дел. Градоначалникот потенцира:
 „Неможе приходите да завршат во „Проаква“, а работниците да ги плаќа „Нискоградба“.
cevki kanalizacija
Останува да видиме дали канализациониот систем ќе биде во ЈП „Нискоградба“ или пак Градоначалникот ќе го промени својот став. И доколку се случи тоа вработените остануват во „Нискоградба“ и нема да има измени во тој поглед.

{loadposition content9}