Прес конференција во два дела
Бесцелно трошење на буџетот на Општина Охрид и и неповолните состојби во работењето на јавните претпријатија, обвинија од О.К на ВМРО-ДПМНЕ.
О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули, Радојца Новичиќ, Јане Сандански, патот за Велгошти и многу други низ Охрид се во очајна состојба.
„Ваквиот начин на искористување на средствата од Буџетот на Општина Охрид од страна на Локалната самоуправа ја покажува безидејноста, неспособноста и интенцијата од Охрид само да се зема а ништо да не му се дава. Таквиот пристап е недозволлив и затоа мора да биде радикално променет и во кадровска и во стратешка смисол“ обвини Паноски
Паноски побара одговор и за тоа како е дојдено до новосоздаден долг од неофицијални 15 милиони евра, ако долго време се тврдеше дека долгот од 5 милиони евра бил веќе анулиран. Објасни дека тие сосема поинаку гледаат на Охрид и посочи дека нивните потези ќе одат во правец најголем дел од буџетските средства да се користат за директна поддршка на туристичкиот и угостителскиот сектор во Општината и за поддршка на мали претпријатија.
Јованка Дамоска Секулоска, советничка од редовите на ДПМНЕ, со став дека завршните сметки на јавните претпријатија кои на вчерашната седница беа изгласани од мнозинството во советот предводено од СДСМ, на површина ги извадија слабостите и неповолните состојби во работењето на јавните претпријатија кои произлегуваат од неефикасниот и несериозен пристап во нивното менаџирање од страна на локалната самоуправа.
„На површина конечно излегоа реалните загуби на ЈП Проаква од околу 1,3 милиони евра, загуби кои во претходните 3 години ова јавно претпријатие незаконски ги прикриваше преку поднесување на фингирани “позитивни” завршни извештаи“ посочи Секулоска.
Секулоска со прашање и во врска т.н. договорни услуги, кои како што велат се заедничка карактеристика на извештаите од работењето на јавните претпријатија. За какви тоа услуги станува збор и во чии џебови завршиле овие пари на граѓаните, јавно прашува таа. За крај Секуловска обвини дека она што недостаува во овие извештаи, се износите за инвестиции во нова опрема, нови машини и механизација, нови и поефикасни начини на работа и нови производи и услуги кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните.
{loadposition content9}