Skip to main content

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Низа активности за развој на руралниот туризам во Охридско – Стушкиот регион, но и во соседна Албанија.

 |  Маленкова Татјана  | 
виктор мирхази конзул израел
viktor Mirhazi konzul Izrael

Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ).

„Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на катерина василеска ЛАРрурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска.

Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија, целта на проектот „Развој на рурален туризам“ е да се помогне во развојот на овој вид туризам, преку пренесување на искуства и знаења од Израел, затоа што оваа земја има извонредни искуства во развојот на оваа гранка. Гостите од Израел пренесуваат огромни искуства, но ние треба нивните знаења да ги примениме и прилагодиме на нашата почва.   

„Она што јас го имам како искуство во развојот на руралниот туризам од Словенија, Австрија, е дека најнапред треба да се има инфраструктура. Овој вид на туризам треба на гостите и туристите да им овозможи и добра околина, а не само престој“, вели Почесен конзул на Израел, Виктор Мизрахи.

И од ФТУ се сложуваат дека доколку сакаме овој вид туризам да го развиеме, треба да собереме искуства сашо Коруноски декан ФТУ од различни земји. Деканот на факултетот Сашо Коруноски вели дека оваа образовна институција ќе направи се за да придонесе во Охрид и земјава да се развијат сите видови туризам и со тоа да се збогати туристичката понуда на Македонија. Коруноски е посебно горд што многу постидпломци од ФТУ покажале интерес за следење на овој курс.  

„Дефинитивно за овој туризам најпрво треба добра стратегија, но ова е сега само обука, иницирање и образлагање на искуства пред се израелски и според условите кои ги бара руралниот туризам да се видат овдешните можности“, вели деканот на ФТУ, Сашо Коруноски.

Партнери на проектот „Развој на рурален туризам“ се Факултетот за Туризам и Угостителство -Охрид, Центарот за Развој на Југозападниот Плански Регион, Германското Друштво за Меѓународна Соработка (ГИЗ РЕД) и Кластерот за Туризам.  Главните активности, предавањата, ги изведуваат двајца израелески и еден професор од ФТУ. Овој проект е дел од стратешките приоритети на Македонија за развој на руралните средини и е прв проект кој вклучува голем број локални и регионални организации во остварување на заедничка цел за развојот на регионот.

{loadposition content9}