Локалната должи пари за училишниот превоз
Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз.
Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз. Парите кои за оваа намена ги добиваат како блок дотации од ресорното министерство не се доволни за да ги подмират давачките кон превозниците. Јован Мирчески, сопственик на Пупе компани, една од осумте избрани транспортни компании за училишен превоз, потврдува дека општината за превоз на учениците во основните и средните училишта само на неговата компанија и должи околу 9 милиони денари. Сериозноста на овој проблем ја потврдува и советникот за образование Серафим Наумоски. Тој вели дека средствата кои сега ги добиваат не се доволни. Според нивната математичка пресметка за да се подмири услугата за бесплатниот училишен превоз, годишно би требало од ресорното министерството да добиваат околу 34 милиони денари. Од оваа сума 9 милиони денари би биле наменети за превоз во основните училишта и 25 милиони за средните училишта.„Во моментов тоа не случај и министерството не префрлило ни половина од потребната сума, укажува советникот за образование Наумоски.Опшштината им должи на превозниците за основните училишта 3 милиони денари, а за средното образование 15 милиони денари“, објаснува Наумоски.
Од Министерството за Локална самоуправа објаснуваат дека со влезот во втора фаза на децентрализација, централната власт на Локалната самоуправа, треба да и префрла средства, но не помала сума од онаа што претходно општината ја обезбедувала за истата намена. За моменталната ситуација од Министерството за Локална самоуправа се повикуваат на способностите на училишните менаџери да управуваат со блок дотациите. „Кога имате определен фонд на средства треба да ги изменаџирате онака како што е најдобро за граѓаните. Промените од новините треба да се прифатат и да се корегираат. Но, тоа не значи дека блок дотациите нема да претрпат измени, но треба да се увиди дали општините знаат да ги менаџираат добиените сретства, советува, државниот секретар, Сашо Стефаноски од Министерството за Локална самоуправа.
Иако, Локалната самоуправа интервенира со сопствени средства од општинскиот буџет за да се покријат обврските кон превозниците, наскоро ќе побараат измени на овој план. Градоначалниците ќе мора преку Заедницата на локални самоуправи да го постават прашањето за зголемување на средствата за оваа намена, информира Наумоски.
И додека се изнајдат вистинските решенија помеѓу централната и локалната власт, стигнуваат нови најави за зголемување на цените на нафтените деривати, а превозниците стравуваат од дополнителни загуби во работењето.
{loadposition content9}