Алонсо прв во Сепанг
Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо успеа да изненади и да победи за големата награда на Малезија, откако стартуваше од 9. позиција.
Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо успеа да изненади и да победи за големата награда на Малезија, откако стартуваше од 9. позиција.
Големо изненадување направи и Серхио Перез кој заврши на втората позиција и за прв пат во неговата кариера се искачи на подиумот. На третата позиција заврши Луис Хамилтон.
По само 9 извозени кругови, трката за големата награда на Малезија беше привремено прекината, поради обилниот дожд. Подоцна, во 11:15 часот, трката продолжи. Во 16. круг Фернандо Алонсо успеа да го престигне Перез и да ја завземе првата позиција. Од тогаш, Алонсо не направи ниту една грешка и успеа да го задржи водството до крајот на трката. Неговиот клупски колега, Филипе Маса, повторно разочара, завршувајќи на 15. позиција. Минатогодишниот шампион, Фетел, не успеа да освои бодови откако се најде на 11. позиција.
1. Фернандо Алонсо – 25 бода
2. Серхио Перез – 18 бода
3. Луис Хамилтон – 15 бода
4. Марк Вебер – 12 бода
5. Кими Раиконен – 10 бода
6. Бруно Сена – 8 бода
7. Пол Ди Реста – 6 бода
8. Жан-Ерик Верњ – 4 бода
9. Нико Хулкенберг – 2 бода
10. Михаел Шумахер – 1 бод
Следната трка ќе се вози во Кина за три недели (13-15 април).
{loadposition content9}