Во училиштата недостасуваат педагози и психолози
Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба.
Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок за втор совет, но тоа не е доволно. Подолго време бараме вработување на педагог. но безуспешно“, нагласува директорот Баткоски.
Стручни кадри како психолози, педагози и социолози нема и во други охридски основни и средни училишта. Од Локалната самоуправа во чија надлежност се општинските училишта велат дека иако барале од државата да се надмине недостигот од стручни кадри согласност за вработување на овие стручни занимања нема. Педагошките служби неможат да се формираат од стручни тимови, поради што во училиштата се работи во отежнати услови, кажува советникот за образование, Серафим Наумоски. Училиштата бараат да се пополнат местата, но согласност од државата нема. Тоа ја отежнува работата на задолжителните педагошки служби кои од оваа година треба да ги има секое училиште во земјава. Не можеме во целост да ги исполниме законските обврски затоа што немаме кадар од сите профили за да ги оформиме стручните служби и се снаоѓаме со оние кадри коиги имаме, укажува Наумоски.
Од подрачниот инспекторат за образование пак, за ефектите кои се постигнати досега од работата на педагошките служби, сознанија ќе имаат по завршувањето на третото тромесечие од учебната 2011/2012 година.
{loadposition content9}