Skip to main content

И Обама мета на Брејвик

Норвежанецот Андерс Брејвик, планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама.

 |  Голабовски Крсте  | 
Barak Obama
Барак Обама

Норвежанецот Андерс Брејвик, планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама. Според весникот, Брејвик сакал да го убие Обама за време на неговата посета во Осло за врачување на Нобеловата награда за мир во декември 2009 година.

Barak ObamaТој прво планирал атентатот да го изврши со автомобил-бомба, но потоа го променил планот и решил да влезе во зградата на градоначалникот на Осло преправен како полицаец. Поради засилените мерки на безбедност не успеа да реализира ништо од тоа.

Брејвик на 22 јули минатата година во центарот на Осло активирал автомобил-бомба, при што загинаа осум лица. Истиот ден на еден остров со огнено оружје убил 69 лица, а 33 биле ранети.

{loadposition content9}