Камбек на Ленокс Луис
Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.
Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.
– Уживав во пензијата, но јас имам недовршена работа и околу 125 милиони причини за да се вратам. Кличко, се радувам на 29-ти септември, напиша Луис.
Иако е можно да се работи за првоаприлска шега, сепак веста предизвика внимание кај вљубениците во боксот ширум светот. Луис е последниот боксер кој го победи постариот Кличко, актуелниот првак во ВБЦ верзијата, со судска одлука во шестата рунда. Борбата се одржа во Лос Анџелес во јуни 2003. година и беше последната во кариерата на Луис во која има 42 победи и само 2 порази.
{loadposition content9}