Милион денари за охридската библиотека
Министерството за култура ги одобри сите проекти од програмата на Охридската библиотека.
Повеќе од милион денари средства за Охридската библиотека „Григор Прличев“. Министерството за култура на РМ рече „да“ за буквално сите проекти со кои оваа национална установа аплицираше минатата година. Најголем дел од одобрените средства ќе одат за збогатување на нејзиниот книжен фонд. Директорката на оваа установа, Александра Белеска истакна дека рокот за реализација на проектите е крајот на оваа година.
„Ние како установа, сме должни до 01 јануари 2013 година да поднесеме детален извештај во министерство за изработените проекти. Министерството пак, го задржува правото еднострано да го раскинат договорот, доколку утврдат незаконско трошење на утврдените средства“ вели Белевска.
Директорката на библиотеката уверува дека целиот книжен фонд е соодветно заштитен и се чува според пропишаните библиотекарски услови.
И после дислокацијата на оваа установа од старата зграда во дел од просториите на Центарот за култура, сеуште се наметнува проблемот со просторот.
„ Навистина од Министерството за култура, конкретно од Министерката постои огромна иницијатива да се реши тој проблем. Тој процес е во фаза на преговори. Дали ќе има надградба или комплетна дислокација со што и најдобро би го решиле овој проблем, ќе бидете информирани“ објаснува директорката Белевска.
Од проектите треба да се напоменат: „Прличевите беседи“, „Аудио записите на роднокрајни литературни критичари“, како и културните активности кои се сегмент од популаризацијата на книгата и книжевните вредности кај нас и во светот. Покрај средствата добиени од страна на Министерството, од библиотеката учествуваат и во реализација на проект во соработка со руската амбасада во Македонија и библиотеката бр.7 од Русија.
По повод 2 април светскиот ден на детската литература, денес, Охридската библиотека организира и сеќавање на пистаелот за деца Боро Ситникоски.
{loadposition content9}