Skip to main content

Младите не сакаат мотика

Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината.

 |  Валентина Неловска  | 
zemjodelie
земјоделие

Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески.

крстеАктивните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства да ги чуе нивните потреби и тешкотии за да се подобри нивниот економски стандард од земјоделието. Бараат да се поддржуваат домашните стари сорти на добиток и растенија, едукација на сточарите и земјоделците, субвенционирање на прозиводството, како и подобрување на инфраструктурата во руралните средини. Државата да ги заштити лековитите билки и шумски плодови кои од земјата се извезуваат, а некои од нив, како смреката на пример,не се заштитени. Многу доходовни гранки се препуштени сами на себе како што е примерот со пчеларите.

komprirДвижењето на екологистите на Македонија активно ги следи потребите на земјоделците и ќе ги достави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. До ова министерство веќе се креирани агро-еколошки мерки за субвенционирање на традиционалните, домашни видови растенија и добиток. На сите средби земјоделците и сточарите бараат подобрување на условите за обезбедување на пристојни средства за егзистенција, потенцира Петар Андонов.

Многу е важно младите да се вклучат во земјоделството затоа што Македонија е земјоделска земја, да придонесат за својот сопствен развој, но и за економски развој на државата, нагласува Андонов. За таа цел спроведуваат проект „Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошки плаќања преку граѓанските организации во Македонија“.

{loadposition content9}