Струга заплеткана во пајакова мрежа
И столбовите за улично осветлување како и столбовите за пренос на електрична енергија, паѓаат под тежината на километри кабел на кабелските оператори.
Под тежината на километри кабел од кабелските оператори, паѓаат столбовите за улично осветлување во Струга. Во близина на пливалиштето, кај кафе барот „Адмирал“ веќе две недели стои срушен еден ваков столб. Тажгур Сулејмани – соработник за јавно осветлување О.Струга, вети дека во најскоро време истиот ќе биде подигнат.
„Тој столб досега требаше да биде подигнат од страна на приватна фирма „Сити Лајт“, но не знам зошто досега не е извршена таа услуга, па денес, најдоцна до утре и тој проблем ќе биде решен“, вели Сулејмани.
Сулејмани кажа дека кабелските оператори од Струга одамна биле информирани дека треба да постават сопствена мрежа за поставување на каблите, откако претходно ќе достават барање до Локланата, а се` со цел да не се оптовари мрежата на улично осветлување.
„Официјално вакво барање сеуште не е доставено до Општина Струга, а доколку не се достави истото, во иднина ќе претстои акција за сечење на нивната мрежа од мрежата на улично осветлување“ објаснува Сулејмани.
Само за информација, оваа зима како и претходната поради ваквото оптеретување, во Струга се срушиле 27 столбови и тоа на улиците „15-ти корпус“ и „Пролетерски бригади“. Од локалната најавуваат замена на оштетените канделабри за улично осветлување за овој месец. Оваа акција ќе ја спорведува фирмата „Сити лајт“ во соработка со Локалната самоуправа од Струга. Но не се само канделабрите во опасност. Опасно изгледаат и столбовите за пренос на електрична енергија, но од ЕВН македонија, велат дека тоа се само кабли на телефонските провајдери. Додаваат дека сознание за поставување на кабли од кабелските оператори на нивни столбови, немаат.
Инаку сеуште трае реализацијата на договорот за јавноприватно партнерство помеѓу Локалната од Струга и фирмата која го поставува новото улично осветлување, „Сити лајт“, исто така од Струга за менување на старите живино светилки со лет диоди. Според динамиката на работите, овој зафат би требало да заврши за десетина дена.
{loadposition content9}