Skip to main content

Која е вистината

Каде се изгуби изградбата на совремиот градски пазар

 |  Јаковлева Лионела  | 
pazar
пазар

Старомодни тезги, лоши услови за работа, несоодвни хигиенски услови, најлони и ламарини наместо кров. Така изгледа охридскиот градски пазар. И покрај ветувањата од Градоначалникот дадени уште во неговиот прв мандат, Охрид нема современ пазар Само да потсетиме пазарот требаше да биде на три ката. На едниот беше предвидено да се продава зеленчук и овошје, на вториот млечни производи, а на третиот требаше да има ресторан. За тоа што досега не е реализиран овој проект единствен виновник е ВМРО ДПМНЕ, тврди Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. aleksandar petreski

Тој вели дека не постоела реална можност за ваква капитална инвестиција бидејќи не биле исполнети двата услови кои се неопходни за ваква градба. Тоа е ДУП-от и утврдувањето на сопственоста на земјиштето. ДУП-от е донесен, но бидејќи општината сеуште официјално не е сопственик на државното градежно земјиште пазар не може да се гради, вели Петерески . Ако почнел со градба ќе го снајдела истата судбина како градоначалникот на Струмица кога го изгради „Глобал“ поради што Зоран Заев заработи кривична пријава и заврши в затвор.

Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски вели дека Градоначалникот нема никаква причина да се плаши дека кривично ќе го гонеле доколку почнел со изградбата на ветениот современ пазар. Министерот објаснува дека Локалната или доволно не ги познава работите или намерно сака да направи забуна кај граѓаните. Јанакиевски вели дека Локалната до министерството аплицирала за добивање лиценца за управување со градежно земјиште, а не поднела барање за закуп на земјиштето.

Mile JanakievskiМинистерот појаснува дека доколку Локалната повеќе не сака да чека треба само да поднесе вакво барање да подготви извод од банка, нумерички податоци со кои ќе се утврди сопственоста и имотен лист. Сето тоа да го достави до Министерството од каде за брзо време ќе дадат согласност и охриѓани конечно ќе си го добијат ветеното. Јанакиевски вели дека има само уште еден проблем, а тоа е како и од каде Локалната ќе обезбеди средства за изградба на пазарот. Градоначалникот објаснува дека пари ќе најде преку приватно јавно партнерство. На охриѓани им останува само да чекаат и да видат дали ќе се случи чудо и конечно ќе се изгради пазарот.

{loadposition content9}