Македонците меѓу најнесреќните на светов
Според истражувањата на Универзитетот „Колумбија“ од САД, Македонија се најде на 127 место од вкупно 156 светски држави според присуството на среќа во државата.
Според истражувањата на Универзитетот „Колумбија“ од САД, Македонија се најде на 127 место од вкупно 156 светски држави според присуството на среќа во државата. Според истражувањето, од бившите југословенски републики кои биле дел од истражувањето, Словенија се наоѓа на 49 место, па следува Хрватска на 58 позиција, Србија и БиХ се далеку под нив, додека убедливо најлошо на Балканот котира соседна Бугарија, која е меѓу десетте најнесреќни држави.
Нашиот јужен сосед, Грција иако е на работ на егзистенција се наоѓа на 42 место, додека Шпанија, во која секојдневно има протести, нереди и рекордна невработеност, според истражувањето, се најде на 22 место на најсреќни земји во светот.
Најсреќна држава според „Универзитетот „Колумбија“ е Данска, па веднаш по неа следуваат Финска и Норвешка. САД се наоѓаат на единаесеттата позиција, а „фенерџија“ на листата е африканската држава Того каде има најмалку причини за среќа.
Извештајот опфаќа истражување на повеќе категории луѓе и општествени прилики во периодот помеѓу 2005 и 2011 година.
{loadposition content9}