Skip to main content

Католиците се подготвуваат за Велигден

Верниците од католичка веросиповест денеска го слават Велики Четвток.

 |  Маленкова Татјана  | 
otec Olivet tantusev
отец оливер тантушев


Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква.

Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи за една вера, а две цркви каде верувањето е исто, а различни се обичаите.  

„Нешто друго карактеристично за Велики Петок е тоа што  се поставува Божји гроб. Некои тоа го прават да crkva katolicka изгледа како вистински гроб некои поинаку но едноставно на луѓето да им се симболизира дека Господ Исус беше положен во гроб и се повикуваат верниците да дојдат да му се поклонат на Божјиот гроб, со крст и венец“, вели отец Оливер Тантушев.

И во католичката вера постои 40 дневен пост. Отец Тантушев вели дека католиците повеќе го почитуваат духовниот отколку телесниот пост, но додава дека  постот сам по себе не е доволен за некој да пристапи кон света причест, затоа што католиците претходно треба да се исповедаат за своите гревови. Од денес католиците започнуваат со прослава на велигнденските празници. Отец Тантушев упатува велигденска честитка кон сите верници.

„Ја користам приликата да им го честитам најголемиот празник Велигден на сите верници од католичка веросиповест Христовото воскресение е врвот на неговата мисија овде на земјата.  Како што вели и Апостол Павле, ако Исус Христос не воскреснеснеше залудна е нашата вера.  Со тоа што воскресна покажа дека и нашите смрттни тела бог ќе ги воскресне“, истакна отец Тантушев.

Во Охрид во католичката црква посветена на Светите  Кирил и Методи и Св Бенедикт регистрирани се околу 100 тина верници, иако бројка е поголема, бидејќи има доста верници кои не се регистрирани. Црквата во Охрид постои уште од 1939 год, а истата беше возобновена во  2001 год.  

{loadposition content9}