Skip to main content

Велигденските јајца солени

Цената на јајцата превисока за буџетот на граѓаните

 |  Јаковлева Лионела  | 
jajca
јајца

Охриѓани за еден шаблон јајца  од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот.

Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа е “нехумано”. Земјите во регионов почитувајќи ги овие ригорозни мерки се соочија со недостиг на јајца поради што мораа да увезуваат. Нашите јајца отидоа кај соседите по што цените на домашниот пазар им скокнаа. Од зголемувањето на цената на јајцата губат и продавачите. Тие велат дека прометот во споредба со овој период минатата година им е намален за 30 проценти.

Ако јајцата се прескапи за граѓаните со просечни примања тогаш што останува за оние кои се социјални случаи. Од невладиниоте организации сметаат дека треба да им се подаде рака на овие луѓе за и во нивните домови да влезе велигденскиот дух. Здравко Ратајкоски од Невладината оргаjajcaнизација за македонско српска соработка апелира до бизнис заедницата, Црвениот крст, невладините организации, Локалната, а пред се Македонската православна црква да и помогне на оваа ранлива категорија на граѓани. Ратајкоски сугерира од центарот за социјални грижи да изготват список на 30-тина најзагрозени семејства на кои би им се донирале барем по два шаблони јајца.

За жал онаа народната еднаш е Велигден со што се мисли дека на овој празник кај сите христијани трпезата треба да биде богата со се и сешто, веќе не важи. Од година во година стандардот е се понизок, трпезата се поскромна, а годинава и јајцата ќе бидат во помал број.

 

{loadposition content9}