Skip to main content

Охридските сувенири и понатака ќе доаѓаат од Кина

Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика.

 |  Валентина Неловска  | 
ванчо
vanco

 секиПропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили.

Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на занатечиите, Сашо Богоески, уште во февруари дал согласност за потребата од едукација на занаетчии од областа на применетата уметност. Стапиле во контакт со Министерството за економија, кое е носител за развој и унапредување на занаетчиството во земјава, и побарале во образовниот систем да се едуцираат профили од разни занаети. 

 Но, со најновиот објавен конкурс за запишување на ученици во јавните средни училишта повеќе од очигледно е дека надлежните институции сеуште немаат слух за ваквите потреби. Се додека нема понуди за развој на занаетчиски профили дотогаш и основците ќе немаат интерес да се запишуваат и изучуваат занаети. А, туристите и понатаму ќе купуваат сувенири од Охрид изработени во далечната Кина.

 {loadposition content9}