Skip to main content

Ватерполистите шести

Ватерполо репрезентацијата на Македонија ги заврши предолимписките квалификации во Едмонтон на 6. место.

 |  Голабовски Крсте  | 
vaterpolisti
ватерполисти

Ватерполо репрезентацијата на Македонија ги заврши предолимписките квалификации во Едмонтон на 6. место.
Причина за поразот за избраниците на селекторот Поповски беше очајниот старт на мечот кога во првиот период губеа со 4:0.

vaterpolistiВо продолжението ватерполистите заиграа далеку подобро и со серија од 3:0 во последната четвртина поведоа со 9:8. Македонија на 1:25 минута до крај имаше предност од 10:9, но Кубада со два гола по ред од кои решавачкиот на 20 секунди пред крај го одлучи победникот.

Најистакнат поединец во македонскиот состав беше Мирослав Ранџиќ со четири гола, Марко Мартиниќ даде два, а Матео Чук, Иван Басара, Димитар Димовски и Даниел Бениќ беа стрелци на по еден погодок.
Претходно нашите ватерполисти ја испуштија шансата за пласман на Олимписките игри во Лондон по поразот во четвртфиналето од фавориот Шпанија од 9:6.

{loadposition content9}