Skip to main content

Главен претрес за случајот „Пливалиште“

Се одржа главниот претрес во повторениот судски процес за  несреќата која пред една и пол година се случи на струшкото Пливалиште, при што од струен удар загинаа тројца стружани.

 |  Голабовски Крсте  | 
sudnica
судница

Одржан главниот претрес за повторениот судски процес за шанкот убиец, на струшкото Пливалиште.  Пред судијата денес повторно свои изјави дадоа тројцата обвинети, Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Вранишкоски остана на претходно дадената изјава, потенцирајќи дека тогаш сметал дека не е потребно да направи проверка на електричната инсталација на објектот, додавјаќи дека од оваа дистанца тоа било погрешно. Миладиноски пак, во својот исказ потенцира дека не бил сопственик или ортак на објектот и дека немал никаква врска со поставувањето на фенерите или електричната инсталација на истиот. Јанески пак објасни дека електричната инсталација на објектот ја поставил електро инжињерот Цветаноски Марјан, кој истата и ја проверувал секоја година, за одреден паричен надоместок. И Димитрија Цобоски адвокатот на одбраната, смета дека според она што денес се слушнало во судницата, јасно се посочува лицето кое што фактички ја поставувало инсталацијата и на кое би требало според одбраната да се насочи помеѓу другите и евентуално прашањето на одговорноста.

Dimitrija Coboski„ Кога зборувам помеѓудругите, сметам дека тука треба да се внимава малку и за евентуална одговорност на државни органи бидејќи према одбраната а тоа го покажуваше текот на главниот претрес и према застапниците на оштетените фамилии, очигледно е дека во конкретниот случај, би требало да се бара одговрност и во таа насока“, вели Цобоски.

Цобоски објасни дека после сослушување на тројцата обвинети, треба да се отпочне со изведување на доказната постапка. Во неа според упатствата дадени од страна на Апелациониот суд, односно во решението со кое е укината првостепената пресуда е наложено да се изврши и дополнително вештачење, од страна на професор Милан Чундев на одредени околности наведени во вештачење кое ќе има третман на приговор на неговото претходно извршено вештачење.

„Што се однесува на надоплнување на доказната постапка, откако ќе бидат изведени сите докази предложени со обвинението и од страна на одбраната во претходната постапка, тогаш ќе се предложат евентуално докази во надоплнување на доказната постапка“ објаснува адвокатот Цобоски.

Инаку Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески нема да одговараат како соучесници, туку ќе се утврдува одговорноста на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат „предизвикување тешки дела против општата безбедност“. Овој судски предмет беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресудата и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите. Во несреќата што се случи на 11 септември 2010 година на поставен шанк во комплексот Пливалиште, настрадаа тројца стружани, лекарите Јосиф Докоски и Киро Ѓоргоноски како и Јоско Кувенџиески Следниот претрес е зкажан за 28 мај 2012 година.

{loadposition content9}