Skip to main content

Награди за најуспешните

Празникот Богојавление-Водици инспирација за ликовните дела на шеесетина основци

 |  Јаковлева Лионела  | 
komisija
комисија

Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.
nagradeni
На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата која ги разгледуваше пристигнатите цртежи вели дека не било лесно да се одлучи чии дела се најдобри. Тој додава дека радува податокот што на конкурсот на тема Богојавление- Водици се пријавиле голем број ученици кои со своите твроби го прикажале чинот на фрлањето на крстот во Охридското езеро, а радува и тоа што ликовните педагози во основните училишта ги мотивирале учениците да изработаат голем број ликовни творби.
 
Наградените ученици од страна на здружението добија подароци, како и парични награди во висина од 3000 денари за првонаградениот цртеж и по 2000 денари за второ и третонаградениот. Потпредседателот на Здружението Богојавление, Димитрија Пендов вели дека овие награди се скромни, но сепак се сатисфакција за вложениот труд. Тој ветува дека ова е само почеток и дека догодина на овој конкурс ќе му се пристапи уште посериозно.
Конкурсот ќе прерасне во традиција, а наградите за најуспешните ликовни дела секогаш ќе се доделуваат на Велики Четврток, велат од здружението „Богојавление“.

{loadposition content9}