Skip to main content

Не се важни парите туку љубовта

На наредната седница на советот ќе биде формиран Одбор кој ќе ја води постапката за подигањето на спомен- обележјето посветено на празникот Богојавление- Водици

 |  Јаковлева Лионела  | 
kotva
котва

Подигањето на спомен- обележјето посветено на празникот Богојавление- Водици, се поизвесно. На наредната седница на Советот на општина Охрид ќе биде формиран Одбор , кој ќе треба да се погрижи околу реализацијата на иницијативата на годинешниот кум на манифестацијата „Водици“, Ванчо Чифлиганец. Кумот не открива колку пари ќе го чини подигањето на ваквиот споменик, но вели дека тоа и не е толку важно. Чифлиганец потенцира дека оваа иницијатива е дадена со љубов и со желба споменикот што поскоро да се изгради. За таа цел апелира до надлежните институции да ја забрзааvodiciт постапката.

Од Локалната велат дека се работи на тоа. Кажуваат дека одборот ќе биде составен од пет члена, а во него ќе учествуваат претставници и од Локалната самоуправа. За претседател ќе биде предложен Димитриј Пендов, сегашниот потпретседател на здружението на граѓани „Богојавление“. 

По  формирањето на одборот ќе се распише конкурс за идејно решение кој ќе трае 30 дена, вели претседателот на ова здружение, Љупчо Арнаудов. Одборот ќе треба да го координира понатамошното реализирање на идејата за подигање на споменикот. Тој ќе биде  висок од 15 до 20 метри. Прво треба да се направи избор на идејното решение после што ќе се одлучи на која локацијата  ќе биде поставено спомен- обележјето. Има неколку предлози, а тоа се локациите околу старото градско пристаниште или кај охридската Капетанија.

Кумот Чифлиганец посакува споменикот да биде поставен до 19 јануари 2013 год., кога и се празнува Богојавление и вели дека овој споменик не само што ќе е од големо значење за градот туку ќе преставува уште една туристичка атракција со која ќе се привлекуваат гости и од странство. Чифлиганец посакува поголем туристички и економски развој за Охрид.

 

{loadposition content9}