Традиционални коњички трки во Велгошти
Велигденските коњички трки по кој знае кој пат ја воодушевија публиката.
Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност.
„Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден имаме по традиција играме фудбал стари-млади.“-рече Димче Шапкароски-Претседател на месна заедница Велгошти.
Од организациониот одбор на коњските трки задоволни од присуството и бројот на посетителите. Сметаат дека ова е традиција која едноставно мора да се сочува.
„Овие се ретки натпреварувања во Македонија. Освен во Скопје каде што сум слушнал дека има трки од ваков вид и нешто се случи слично во Галичник. Ова е нешто ексклузивно за сите љубители на трки од ваков вид. Можам да кажам дека сите што учествуваа беа задоволни, а истото ги очекува и следната година затоа што ние тука не застануваме одиме чекор напред. Следната година планираме да биде уште подобро организирано.“-вели членот на организациониот одбор на коњичките трки, Миле Кецески.
Во традиционалните трки учество зедоа десетина грла, меѓу кои и трите најдобро пласирани. Победник беше расниот коњ од сортата англиски галопер „Цезар“. Второпласиран заврши коњот под име „Мартин“ додека третопласирано беше грлото „Зекан“. Од организациониот одбор на трките се погрижиле и за добри награди. Третата награда на победникот му носи 5000 денари, втората 10.000, додека првата 15.000 денари плус седумдневно патување во Цирих. Вредни награди добија и јавачите на коњите. Покрај коњичките трки и фудбалскиот натпревар, Велгоштани традиционално се натпреваруваа и во влечење јаже, а програмата беше збогатена и со културно-уметнички дел.
{loadposition content9}