Појадокот, стратегија за добар изглед
Доколку го пропуштите појадокот, подоцна во текот на денот ќе јадете повеќе.
Сведоци сме на современиот проблем со дебелината, а појадокот се препорачува како стратегија за добивање на саканата телесна тежина.
Едно истражување направено на здрави мажи дало интересни резултати. Испитаниците кои редовно појадувале, за време на ручекот консумирале помалку калории (за околу 17 %), во споредба со оние кои не појадуваат.
Луѓето кои го прескокнуваат појадокот пред ручекот чувствуваат поголема глад, а после ручекот им се забележани зголемени вредности на глукоза и инсулин во крвта. Исто така кај нив е присутен и одренден степен на инсулинска резистенција.
Заклучокот е дека појадокот има значајно влијание врз апетитот и количината енергија која ќе ја внесеме преку храната.
{loadposition content9}