Хуманитарен концерт „Од деца за деца“
Хуманитарен концерт во ООУ Кочо Рацин.
Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.
„ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин.
Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот концерт, веднаш добиле потполна подршка од наставниот кадар и раководсвото на училиштето.
„Најпрво почнавме со тоа кој деца ќе учествуваат и како, а подоцна разговаравме со целото училиште и дали би сакале да бидат вклучени и сите ученици. Сите средства кои ќе ги собереме ќе бидат за хуманитарни цели. Направивме програма како ќе изгледа се и почнавме со подготовки сите не подржаа, а најмногу наставниците и сите останати во училиштето“, вели Антонела Трајкоска,
Ова не е прва хуманитарна акција во ООУ Кочо Рацин, но е прва која е организирана од ученици за ученици.
„Нашата акција е комплетно хуманитарна. Имавме награден конкурс за ликовни творби. Темата беше пролет учествуваше целото училиште, а ние одбравме три награди. Првата награда и е доделена на Ивона Глигуроска, втората на Елена Адамова и третата Дијана Нанова. За наградите одлучивме ние но со помош и од наставникот по ликовно образование, вели ученичката Ивана.
Иако концеротот е вечерва, сепак се чини дека истиот ќе биде успешен. Досега се продадени сите 400 тини карти и само од оваа продажба се собрани 12000 денари. Доколку се земе во предвид дека има родители кои влез ќе платат на врата, но и дека ќе има сад во кој секој од посетителите ќе може да донира колку што може и сака, се чини дека хуманитарната акција ќе биде повеќе од успешна.
{loadposition content9}